Шампионот во ПМФЛ останува без еден од своите најважни фудбалери, Бесарт Ибраими си заминува од Струга Трим Лум.
Заминувањето Ибраими го потврди преку социјалните мрежи истакнувајќи дека прекинот на соработката доаѓа по меѓусебен договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Почитувани стружани. Сакам да ве информирам дека по меѓусебен договор со раководството нема повеќе да бидам дел од Струга, клубот со кој испишавме историја, освојувајќи ја шампионската титула и станувајќи дел од европските натпреварувања. Благодарност до претседателот и сите останати во клубот, за нивната коректност и соработка во текот на двете години колку што бев дел од Струга. Струга засекогаш ќе остане во моето срце.“, објави Ибраими.
Во Струга Ибраими пристигна во 2022 година, а претходно го носеше дресот на повеќе клубови во странство, додека во Македонија беше дел уште од Шкендија, Ренова, Напредок и Велазерими.