Дома Топ вести „Знам дека Салах заминува од Ливерпул, ќе добие рекорден договор и ќе заработува повеќе од Роналдо“

„Знам дека Салах заминува од Ливерпул, ќе добие рекорден договор и ќе заработува повеќе од Роналдо“

Поранешниот фудбалер на Астон Вила, Габриел Агбонлахор тврди дека Мохамед Салах на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул, а дури и најави каде Египќанецот ќе продолжи.

Во последните 12 месеци, Салах се поврзуваше со заминување во Саудиска Арабија и наводно одбил понуда од 100 милиони евра во летото кое измина. Ливерпул во претходните два преодни рока го задржа Салах, меѓутоа сега неговиот договор истекува.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Самиот Салах неодамна изјави дека не е сигурен дали и наредната сезона ќе го гледаме на „Енфилд“.

„Знам дека Салах заминува на крајот од сезоната. Мојот извор ми откри дека Салах дефинитивно наредното лето се сели во Саудиска Арабија за рекорден договор.

Ќе заработува повеќе од Кристијано Роналдо, освен тоа ќе стане и заштитно лице за фудбалот во оваа земја. Не можете тоа да го одбиете ако сте Мо Салах. Со Ливерпул направи се, зарем не?. Ако сакаше да остане досега ќе потпишеше нов договор“, изјави поранешниот фудбалер за „талкСпорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан во јануари се засилува од Лондон

Милан е силно заинтересиран за 19-годишниот талент на Челзи, Карни Чуквуемека. Станува збо…