Дома Фудбал Фенербахче не штеди средства: Гигантска понуда за Мохамед Салах во обид да ја прекине доминацијата на Галатасарај!

Фенербахче не штеди средства: Гигантска понуда за Мохамед Салах во обид да ја прекине доминацијата на Галатасарај!

Мохамед Салах (33) ова лето ќе се збогува со Ливерпул по деветгодишен престој, а еден од клубовите кој најмногу се заинтересира за неговите услуги е турскиот Фенербахче.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Салах ќе го напушти „Енфилд“ како слободен агент, бидјеќи неговиот договор истекува во јуни, но сеуште не е јасно во која насока ќе се движи неговата кариера.

Еден од можните нови домови за Салах е Истанбул, бидејќи од таму дошла неочекувана понуда од Фенербахче, кој според турскиот весник „А Спор“ е подготвен да му обезбеди тригодишен договор со изразито висока плата.

Како што пишува истиот извор, Фенербахче е подготвен да направи се што е потребно за да го доведе египетскиот мајстор и веќе започнале разговори со неговиот агент. Се шпекулира дека клубот од Истанбул му нуди долгорочен договор со годишна заработка од 20.000.000 евра, со што вкупната вредност на зделката би изнесувала 60.000.000 евра.

Списанието додава дека се очекуваат нови средби, за да се продолжат преговорите за неговиот можен трансфер во турскиот фудбал. Фенер се надева дека овој потег ќе доведе до враќање на титулата во нивните витрини, за првпат од 2014 година.

И покрај тоа што оваа сезона беше една од послабите за него откако пристигна во Ливерпул, со постигнати 12 гола и девет асистенции во 38 натпревари, неговата вештина продолжува да привлекува интерес кај бројни европски клубови, а секогаш постои интерес и од Саудиска Арабија и МЛС. Останува да видиме која ќе биде неговата следна дестинација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силва ја „отпиша“ Бенфика, два клуба се „тркаат“ за неговиот потпис

Сега веќе легендарниот фудбалер на Манчестер Сити, Бернардо Силва, сè уште не одлучил каде…