Вчерашните натпревари во Серија А ги одбележа црвената боја на лицата на сите фудбалери и тренери.
На почетокот на многумина не им беше јасно што претставува црвената линија на лицата, но подоцна беше соопштено дека станува збор за акција која Серија А ја спроведе со една невладина организација која се занимава со заштита на правата на жените. Целта на акцијата е да се сврти вниманието на борба против насилството врз жените, а ова е втор пат што се одржува во Италија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Акцијата исто така беше спроведена и на социјалните мрежи. Многу фудбалери позираа со своите поубави половини, кои носеа црвен кармин на усните. Гест за пофалба.
Fabio Pisacane, del @CagliariCalcio e sua moglie Maria Rosaria si uniscono alla campagna di Lega Serie A e WeWorld Onlus per dare #unrossoallaviolenza sulle donne#SerieATIM pic.twitter.com/3zZgDlLt44
— Lega Serie A (@SerieA) November 23, 2018