Манчестер Јунајтед уште еднаш успеа да го одложи славјето на градските ривали.
Сити ќе мора да почека на официјализирање на новата титула шампион на Англија, Јунајтед вчера успеа со пресврт да слави против Астон Вила во Бирмингем 3:1.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Домаќините поведоа, но потоа имаше пад на Погба во шесенаесетникот, а главниот судија процени дека имало пенал. Дин Смит тренерот на Астон Вила не може да се помири со податокот дека Јунајтед доби уште еден пенал против неговата екипа и тоа повторно благодарение на Погба.
„Ми здосади веќе да зборувам за пеналите кои ги добива Јунајтед против нас. Погба се сопна на „Олд Трафорд“, а денес доби уште еден мек пенал. Даглас Луис не требаше да го постави стапалото или воопшто да му даде прилика да падне. Но тоа е патетична одлука според мене. Контактот не беше доволен за пенал“, изјави Смит.
Судијата Кавано ситуацијата ја прегледа и на ВАР мониторот, но не ја смени одлуката.