
МАЈКЛ ОЛИСЕ беше најдобриот играч на Баерн во уверливата победа од 5:0 против Боде/Глимт на стартот на Лигата на шампиони. Францускиот крилен напаѓач постигна два гола, асистираше еднаш и по натпреварот ја прими наградата на УЕФА за играч на натпреварот. Баерн, по првото полувреме без голови, го совлада норвешкиот шампион во вториот дел.
Јамал Мусиала ја отвори серијата, по што погодија Хари Кејн и Алфонсо Дејвис, а Олисе со два голови ја комплетираше победата. Французинот така на најдобар начин ја започна новата сезона во Лигата на шампиони. По натпреварот пред него застана репортерот на DAZN, Јохен Штуцки. Разговорот набргу стана една од приказните вечерта.
Репортерот се обидуваше да добие одговор
Штуцки го праша Олисе како се чувствува по толку убедливата победа. “Сакавме да победиме. Победивме. Среќни сме”, рече Олисе.
Потоа, репортерот го праша колку е тешко да се постигнуваат голови какви што тој постигна и како тоа изгледа од неговата перспектива. “Не знам”, одговори Олисе. Штуцки не се откажа и се обиде да го натера да објасни што му поминува низ главата кога е во позиција да шутира.
Michael Olise post-match interview with @UEFA https://t.co/96fDCSy0S7
— Bayern Echo (@BayrnEcho) September 10, 2026
“Шутирам. Топката или влегува или не влегува”, изјави Французинот. Репортерот потоа се обиде да му објасни дека тоа не е толку едноставно и дека не секој постигнува такви голови. Олисе и тогаш не беше посебно зборлив. По уште неколку кратки одговори, Штуцки му рече:
“Навистина ми ја отежнуваш работата во интервјуто.” Разговорот брзо заврши.