Дома Фудбал Најчудното интервју во историјата на Лигата на шампионите: Новинарот посака да „пропадне в земја“ поради Олисе

Најчудното интервју во историјата на Лигата на шампионите: Новинарот посака да „пропадне в земја“ поради Олисе

Баерн синоќа на Алијанц Арена го декласираше Бодо/Глимт со 5:0 на почетокот од новата сезона на Лигата на шампионите, а главната тема на социјалните мрежи е Мајкл Олисе кој даде изјава по натпреварот, но не помина баш најдобро.

Во самиот финиш на натпреварот на сцена излезе Мајкл Олисе кој стави крај на овој меч. Французинот прво во 83. минута постигна гол за 4:0, а потоа во втората минута од судиското продолжение постави конечните 5:0.

Токму Олисе се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи по натпреварот бидејќи тој беше избран за најдобар играч на натпреварот и затоа се појави пред камерите за изјава.

Сепак, интервјуто на Олисе не одеше според планот за новинарот кој поставуваше прашања, бидејќи беше очигледно дека францускиот репрезентативец не беше многу расположен за разговор.

„Како е лесно да се постигнуваат вакви одлични голови, какво е чувството?“, праша новинарот.

„Не знам“, кратко одговори Олисе.

„Ми ја отежнуваш работата на овој интервју. Што те прави среќен? Победување, постигнување голови?“, се обиде повторно новинарот.

„Да“, одговори Олисе, а по тоа новинарот сфати дека го завршува интервјуто кое траеше помалку од минута и беше очигледно дека е разочаран поради тоа.

Што се случувало во микс зоната на Алијанц Арена по завршувањето на натпреварот и како изгледаше интервјуто на Олисе можете ДА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нови проблеми за Алварез: Му ги сервираше човек од Барселона

Поранешниот извонреден фудбалер, а денес еден од челниците на Барселона, Деко, зборуваше з…