Новак Ѓоковиќ после три ипол часа голема борба го победи Александар Зверев во полуфиналето на УС Опен, а после мечот Германецот му се поклони на најдобриот во светот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За Зверев никој не може да се споредува со Ѓоковиќ.
„Тој ги руши сите рекорди кои постојат. Ако ја погледнете статистиката и играта, тој е најголем на сите времиња. Никој не може да се споредува со него. Најмногу недели е на првото место, најмногу Мастерси, наскоро сигурно и најмногу Грен слемови“, изјави Зверев кој е четврти тенисер во светот.
Германецот верува дека Ѓоковиќ ќе стигне и до титулата преку Русинот Данил Медведев, вториот носител на АТП листата. Со тоа Ѓоковиќ ќе стане еден од тројцата тенисери кои во иста година ги освоија сите Грен Слемови.