Дома Останати Тенис Кирјос одработи скратена суспензија за скандалот со допинг!

Кирјос одработи скратена суспензија за скандалот со допинг!

Австралискиот тенисер Ник Кирјос прифати и одработи скратена суспензија од еден месец поради прекршување на антидопинг правилата откако беше позитивен на тестот за кокаин на АТП турнирот на Мајорка во јуни, објави Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ITIA).

Кирјос, кој беше привремено суспендиран од 4 август, се вклучи во програма за лекување одобрена од ITIA, со цел да се намали вообичаената тримесечна суспензија пропишана според правилата на Светската антидопинг агенција (WADA), се наведува во соопштението на ITIA.

Во разговор со истражителите од ITIA, 31-годишниот Австралиец објасни дека консумацијата на кокаин се случила “во друштво” во ноќно излегување непосредно пред настапот на турнирот на Мајорка, стои во соопштението.

Од ITIA соопштија дека суспензијата на Кирјос се завршува во четврток со услов дека успешно ќе го заврши споменатиот програм. Исто така, му се одземаат паричната награда и бодовите за АТП ранг-листата освоени на турнирот на Мајорка.

Кирјос минатиот месец преку социјалните мрежи се извини поради позитивниот допинг тест, признавајќи дека направил „голема грешка“ и преземал целосна одговорност за истата.

Ник Кирјос (31) моментално е 918. тенисер на светот на АТП ранг-листата. Најдобар резултат постигнал во 2016 година, кога беше на 13. позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Донесена пресуда за Кирјос: Колку време ќе паузира Австралиецот поради позитивен тест на кокаин?

Австралискиот тенисер Ник Кирјос ја прифати едномесечната суспензија што му ја изрече Меѓу…