Дома Трансфер зона За шест години одигра само 19 натпревари, ПСЖ се ослободи од играчот кој сите го заборавија

За шест години одигра само 19 натпревари, ПСЖ се ослободи од играчот кој сите го заборавија

Во претходните десет години ПСЖ имаше неколку трансфери кои беа изненадувачки и не им беа јасни на сите.

Меѓу тие трансфери е и полскиот играч за врска Грегори Кричовијак, кој во ПСЖ пристигна во летото 2016 година од Севиља, а парижаните за него платија 30 милиони евра. Кричовијак имаше две одлични сезони во Севиља и го привлече вниманието на многу европски клубови, но никој не очекуваше дека ќе заврши во ПСЖ.

Сепак, Полјакот се покажа како големо промашување за францускиот клуб бидејќи воопшто не играше, а последните пет години во главно беше испраќан на позајмици.

Кричовијак има уште две години договор и речиси сите заборавија дека тој се уште е играч на ПСЖ. Летото замина на позајмица во Краснодар, но по почетокот на војната во Украина го напушти рускиот клуб, а вториот дел од сезоната го одигра за АЕК.

Потоа полскиот играч за врска повторно се врати во ПСЖ и ги започна подготовките за новата сезона. Сепак, јасно е дека нема да застане тука и се чини дека парижаните конечно ќе се ослободат од Полјаците.

Фабрицио Романо најави дека Кричовијак најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. ПСЖ веќе е во преговори со Ал Шабаб и наскоро се очекува официјална потврда бидејќи и Кричовијак дал зелено светло за овој трансфер.

Кричовијак за шест години одигра само 19 натпревари во дресот на ПСЖ, а извесен период настапуваше и за резервниот тим на францускиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Икарди поради Ванда не може да најде нов клуб?

Mауро Икарди нема баш некое лето кое ќе го памети. Аргентинскиот репрезентативец е „вишок“…