Дома Фудбал Италија Заниоло: Не би ни помислил да прифатам да го носам тој дрес

Заниоло: Не би ни помислил да прифатам да го носам тој дрес

Николо Заниоло е голема надеж на италијанскиот фудбал и својата Рома. Младиот офанзивен играч за врска конечно влезе во вистинска форма и во последно време повторно покажува дека има капацитет во иднина да прерасне во лидер на тимот.

Приордната позиција на Заниоло е „десетка“, но младиот фудбалер смета дека дресот со број 10 може да биде само на Тоти.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„И Рома еден ден да ми понуди, не би размислувал за тоа. Би сакал да го задржам својто број од почит кон капитенот (Тоти). Не би ни се обидел да кажам – да“, изјави Заниоло.

Потоа Заниоло зборуваше за своите фудбалски идоли.

„Во детството ме инспирираше Кака поради начинот на кој играше и неговата позиција беше слична на мојата…Уживав да го гледам и Роналдињо. Кога тој играше сакав да гледам, без разлика каде игра“, откри младиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова е новиот тренер на Реал Мадрид: Се чека само грешка на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо, во случај на грешка против Алавес, би можел да добие отказ на позицијата трен…