Дома Фудбал Баерн го елиминира Реал Мадрид во спектакл од друг свет

Баерн го елиминира Реал Мадрид во спектакл од друг свет

Баерн (Минхен) стигна до полуфиналите во Лигата на шампионите по незаборавен дуел против кралот на турнирот Реал Мадрид.

Реваншот во Германија заврши со драматични 4:3, со што “црвените” продолжија понатаму со вкупен резултат од 6:4. До минута пред крајот на битката во Минхен, Реал водеше со 3:2, што го испраќаше натпреварот во продолженија.

Тогаш, пак, Луис Дијас израмни на 3:3, а потоа во додаденото време Мајкл Олис постигна четврти гол за домаќините. Во борба за место во финалето, Баварците ќе се соочат со актуелниот носител на трофејот, Пари Сен Жермен.

Непосредно пред израмнувачкиот гол на Луис Дијас за 3:3, резервата на гостите, Едуардо Камавинга, беше исклучен поради втор жолт картон. Пред тоа, домаќините бараа таков санкции и за Антонио Рудигер. Потоа, по четвртиот гол за Баерн, црвен картон доби и Арда Ѓулер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА го почна планот против Инфантино

Европската фудбалска асоцијација започна интензивна потрага по сериозен противкандидат на …