Дома Фудбал Жестока пресметка на Винисиус и Белингем, и тоа само неколку минути пред црвениот картон? (Видео)

Жестока пресметка на Винисиус и Белингем, и тоа само неколку минути пред црвениот картон? (Видео)

Винисиус Жуниор и Џуд Белингем имаа вербална пресметка на крајот од натпреварот против Баерн Минхен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во 83. минута, само три минути пред да добие црвен картон Едуардо Камавинга, Белингем му викаше на Винисиус побрзо да ја ослободи топката, на што Бразилецот остро му возврати. 

„Што сакаш? Што сакаш? Затвори ја устата“, рече Винисијус Жуниор.

Мадридските аналитичари исто така забележаа дека Винисиус и Белингем речиси немаат никаква соработка, со заклучок дека тие двајца, кога на теренот е и Килијан Мбапе, значително влијаат на балансот на играта. 

Објективно, Винисиус ја погоди пречката и имаше асистенција за Мбапе, но имаше малку топки и добри продори по левата страна. Не беше толку влијателен на играта на Реал како некогаш. Некои тоа го припишуваат на добрата игра на Баерн, а некои на фактот дека нема секогаш најдобра соработка со Белингем. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алајбеговиќ е играч на Јувентус, познати се деталите од трансферот!

Босанскиот репрезентативец Керим Алајбеговиќ постигна договор со Јувентус. Како ПАМЕТНО да…