Дома Фудбал Спремна тренерска бомба со Диего Симеоне во главната улога!

Спремна тренерска бомба со Диего Симеоне во главната улога!

Според информациите кои доаѓаат од доверливи странски инсајдери, челниците на Интер сериозно размислуваат за промена на тренерската позиција и веќе имаат јасна цел – Диего Симеоне.

Аргентинскиот стратег, кој со години го води Атлетико Мадрид, наводно е означен како приоритет број еден за преземање на тренерската клупа на миланскиот гигант по завршувањето на сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Интер сака да направи силен чекор напред и да се врати на врвот на европскиот фудбал, а во Симеоне гледаат идеална личност за таа задача. Неговиот стил на игра, дисциплина и победнички менталитет совршено се вклопуваат во амбициите на клубот од Џузепе Меаца.

Симеоне во Атлетико изгради статус на легенда, освојувајќи многу трофеи и претворајќи го клубот во постојан конкурент во Лигата на шампионите.

Токму поради тоа, неговото евентуално заминување би било еден од најголемите потреси на тренерскиот пазар. Засега нема потврда дека преговорите веќе почнале, но фактот што Интер го гледа како главна цел јасно покажува колку сериозно размислуваат за големи промени во наредниот период.

Ако овој трансфер навистина се случи, европскиот фудбал би можел да добие една од најинтересните приказни во наредната сезона, а ова не е првпат Ел Чоло да се поврзува со Нераѕурите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мудра игра на Арсенал ја зачува предноста од првиот натпревар и ги испрати лондончаните во полуфиналето

Арсенал ќе игра во полуфиналето на Лигата на шампионите втора година по ред! Ова стана фак…