Дома Фудбал Хаос во соблекувалната: Перез збесна по поразот, па им одржа лекција на ѕвездите

Хаос во соблекувалната: Перез збесна по поразот, па им одржа лекција на ѕвездите

Феноменален реванш натпревар во рамките на четвртфиналето на Лигата на шампионите во Минхен одиграа тимовите на Бајерн и Реал од Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напнато беше и по натпреварот, а Арда Гулер доби директен црвен картон поради несоодветно однесување и жестоки поплаки кон судијата.

По натпреварот Флорентино Перез беше бесен на играчите на Реал Мадрид, како и на Алваро Арбелоа, па веднаш влезе во соблекувалната.

Наводно, Перез не го криеше своето незадоволство од играчите на Реал Мадрид по елиминацијата во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Некои шпански портали специјализирани за Реал Мадрид ги пренесоа наводните зборови што ги кажал Перез во соблекувалната.

„Една година без титула во Реал Мадрид е неуспех, две се неподносливи.

Го ценам вашиот денешен труд, но сезоната е тотално разочарување.

Да се игра за Реал Мадрид е привилегија со многу обврски. Многумина од вас не ги исполнија. Барем завршете ја лигата со достоинство“, наводно рекол Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…