Дома Фудбал Арбелоа ги пакува куферите: Познат е главниот кандидат на Перез за нов тренер

Арбелоа ги пакува куферите: Познат е главниот кандидат на Перез за нов тренер

По испаѓањето од Лигата на шампионите од Баерн, јасно е дека Алваро Арбелоа ќе добие отказ на клупата на Реал Мадрид. Тој ќе ја заврши оваа сезона, втора по ред без трофеј, а потоа тргнува „ловот“ по нов тренер и неколку врвни имиња се во игра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид или поточно Флорентино Перез, започнал е потрагата по нов тренер. Алваро Арбелоа нема да остане на тоа место по сезоната без трофеј, па Кралевите во новата сезона ќе ги води некој друг.

Долга е листата на кандидати со кои Реал преговара. Се работи за големи имиња.

Главна желба на клубот е Јирген Клоп. Меѓутоа, и покрај сите информации кои пристигнувале во претходниот период, контакт и повик од Мадрид до германскиот стручњак не бил направен.

Идентична е приказната и со Зинедин Зидан. Поранешниот тренер на Реал конечно ја доби шансата да стане селектор на Франција, што го посакуваше со години, и речиси сигурно нема да го прифати повикот на Флорентино Перез.

Затоа сериозен кандидат е актуелниот селектор на Франција – Дидие Дешам. Тој ја напушта функцијата селектор на Триколорите по Светското првенство и е спремен да се врати во клупскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Играчот на Ливерпул го задржаа да не се тепа со Слот на натпреварот од Лигата на шампионите!

Арне Слот беше сменет од позицијата тренер на Ливерпул, но како што пишуваат англиски меди…