
Повторно избраниот претседател на Барселона Жоан Лапорта исто така остро ги критикуваше судиските одлуки за време на четвртфиналниот натпревар со Атлетико Мадрид и објави дека клубот ќе поднесе нова жалба до УЕФА.
Тој го оцени претставувањето на главниот судија и на системот за видеоповтори (ВАР) во двата натпревара како „срамно“. Уште за време на реваншот на „Метрополитано“ адвокатот јасно го покажа своето незадоволство, а во среда го изрази и пред медиумите за време на посетата на тенискиот турнир „Трофео Конде де Годо“.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„На прво место сакам да го поздравам Атлетико Мадрид, но тоа не го менува фактот дека судењето вчера како на теренот, така и од ВАР, беше срамно. Она што ни го направија, е неподносливо. Веќе во првиот натпревар не ни досудија чист пенал и исфрлија наш играч наместо жолт картон, затоа што Џулиано Симеоне не ја контролираше топката. Црвениот картон многу ни наштети“, изјави новоизбраниот претседател.
Тој исто така објави дека Барселона повторно ќе се пожали на УЕФА. По првиот натпревар на „Спотифај Камп Ноу“ клубот веќе испрати писмо до организацијата, но тоа не беше уважено.
Адвокатот детално ги анализираше сите ситуации каде според него судиската бригада направила грешки на штета на каталонскиот тим. „Оваа елиминација беше со судиски одлуки кои силно не повредија. Во реваншот Ерик Гарсија не беше последен во одбраната, Кунде го покриваше. Судијата покажа жолт картон, а ВАР го натера да ја промени својата одлука. Голот на Феран беше регуларен, пеналот против Олмо беше очигледен, а агресијата врз Фермин е неподнослива, затоа што му ја расцепија целата горната усна, а потоа му покажаа картон на Гави… Момчето страдаше додека го шиеа, а дури немаше ни картон. Ова е недопустливо“, кажа Лапорта.
¡El escándalo desde otro ángulo!!
— 🔍 (@FCB_lupa) April 14, 2026
La norma es clara: Si el defensa tiene el brazo en una posición antinatural que hace que su cuerpo ocupe más espacio de forma injustificada antes del desvío, el árbitro podría pitar penalti.
🔍 Penalti robado al Barça pic.twitter.com/BNCFyMuvni