Дома Фудбал Снимка на маестралниот гол што го сруши Реал – Погледнете го од друг агол

Снимка на маестралниот гол што го сруши Реал – Погледнете го од друг агол

РЕАЛ МАДРИД беше елиминиран од Лигата на шампионите по напната завршница и пораз од Баерн со 3:4 (вкупно 4:6), а клучниот момент се случи со исклучувањето на Едуардо Камавинга. Играчите на мадридскиот клуб бурно реагираа на судиската одлука, која според нив директно доведе до поразот и елиминацијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот играч од средината на теренот заработи втор жолт картон поради задржување на топката откако самиот направи прекршок. Таа судиска одлука, при нерешен вкупен резултат во елиминациската фаза, го смени текот на натпреварот и предизвика жестоки протести од играчите на Реал. Само неколку минути подоцна Баерн постигна одлучувачки гол и обезбеди понатамошен пласман.

Неверојатниот гол на Олисе

Во 89-та минута Диаз погоди за 3:3, а конечниот удар на Реал му го зададе Мајкл Олисе со фантастичен погодок во четвртата минута од судиското продолжение за победа од 4:3 и потврда на пласманот.

На социјалните мрежи се појави нов агол од голот на Олисе, каде уште посилно се доловува вештината на Французинот. Видеото од таа ситуација може да го погледнете ТУКА. Баерн ќе го бара своето место во финалето против актуелниот шампион, ПСЖ. Првите натпревари од тие двомечи ќе се одиграат за две недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем планира понуда за Рашфорд

Тотенхем планира да испрати понуда до Манчестер Јунајтед за англискиот репрезентативец Мар…