Дома Фудбал Иран или Италија? Инфантино соопшти кој ќе игра на Светското првенство

Иран или Италија? Инфантино соопшти кој ќе игра на Светското првенство

Остануваат уште помалку од два месеца до почетокот на Светското првенство кое оваа година ќе се одржи во Америка, Канада и Мексико.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сите чекаат да видат каква одлука ќе се донесе кога станува збор за Иран, дали тие ќе настапат на овогодинешниот Мундијал или наместо нив ќе оди некој друг.

Откако претходно Иранците побараа нивните натпревари да бидат префрлени од Америка во Мексико, ФИФА го одби нивното барање.

Се создаде затишје кое траеше неколку дена, а сега на сè се огласи претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Тој ги отстрани сите сомнежи околу тоа дали Иран ќe настапи на Светското првенство.

Италијанците се надеваат дека ќе го добијат своето место на Светското првенство наместо Иран, но според сè, од тоа нема да има ништо.

Инфантино вчера говореше на форумот „Invest in America“ во Вашингтон и беше повеќе од јасен за тоа дали Иран ќe настапи на Мундијалот.

„Иран доаѓа, сигурно. Се надеваме дека до тогаш ситуацијата ќе биде мирна, што дефинитивно би помогнало.

Да, секако, тие мора да дојдат. Тие го претставуваат својот народ. Се квалификуваа. Играчите сакаат да играат“, кажа тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чеферин можеше синоќа да се посрамоти засекогаш, но Дембеле го „спаси“ (Видео)

ПСЖ синоќа во Будимпешта го победи Арсенал во финалето на Лигата на шампионите и ја одбран…