Оливие Жиру ова лето се пресели во Милан и одлично се прилагоди во Серија А, па прикажува одлични партии.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред големото дерби со Интер, Жиру верува дека неговиот тим може да стигне до победа, притоа истакна дека негов сон е Скудетото.
„ Дербито ќе биде многу важен натпревар затоа што не би било лошо да го испратиме Интер на 10 бода разлика. Не е одлучувачки меч, но е многу е важен и верувам дека Милан може да стигне до победата. Ако го почитуваме противникот, не значи дека се плашиме од него. Нашата судбина е во наши раце. Ако излеземе и направиме се што знаеме дека треба да направиме – ќе победиме“, изјави Жиру.
„Милан беше вистински избор за мене. Многу сум среќен во клубот, а и семејството ужива во Милано. Мојот сон е оваа сезона да го освоиме Скудетото и сигурно ќе се бориме за тоа до последен момент“, додаде Французинот.