Дома Топ вести Елмас размислува за заминување, има понуди од Англија и Шпанија

Елмас размислува за заминување, има понуди од Англија и Шпанија

Иако имаше понуди, сепак македонскиот репрезентативец Елиф Елмас летово одлучи да остане во Наполи.

Меѓутоа, сезоната не почна добро за Елмас, кој не добиваше шанса кај тренерот Гарсија, па главно беше на клупата за резерви.


Дерби до Дерби! Комплетен фудбалски викенд ↓↓↓


Елмас очекува работите да се променат со доаѓањето на Мацари на клупата, но веќе размислува да ја промени средината.

Наполи се обидел да започне преговори за да му го продолжи договорот кој му истекува во 2025 година, но Елмас наводно нема да брза со одлуката и ќе почека да види како ќе се одвиваат работите.

Интерес за македонскиот репрезентативец покажуваат клубови од Премиер лигата и Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изненадување: Алегри во Премиер лигата?!

Иако на Јувентус не му оди лошо во Серија А сезонава се погласни се шпекулациите дека Маси…