Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас се запиша во листата на стрелците со фантастичен погодок. Тој ѝ донесе предност на неговата екипа Торино во дуелот против Парма (1-0) во рамките на италијанската Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Голот беше постигнат во 19. минута од натпреварот, кога Елмас се најде во казнениот простор опкружен од четворица противнички играчи. И покрај притисокот, тој се реши за прецизен удар, при што топката најпрво ја погоди стативата, а потоа заврши во мрежата на домаќините, носејќи му водство на Торино.