Дома Останати Тенис Драма во Мадрид – Надал со пресврт до победа!

Драма во Мадрид – Надал со пресврт до победа!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го совлада Белгиецот Давид Гофан во осминафиналето од Мастерсот во Мадрид со резултат 2:1 во сетови после голема драма.

Мечот траеше три часа и 13 минути, а на крајот Надал славеше со 6:3, 5:7 и 6:7. Првиот сет Шпанецот го освои прилично лесно после изгубен сервис направи два „брејка“ и го доби со 6:3.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Следуваше голем пресврт на Гофан, 60. тенисер на светот успеа да се врати во мечот после изгубењн сервис и со два брејка, спасувајќи две меч топки на Надал го изедначи резултатот на 1:1.

Во третиот сет видовме драма, брејкови немаше, па следуваше тај-брејк. Таму видовме по два изгубени сервиси на двете страни, потоа Гофан пропушти дури четири меч топки што сепак е премногу кога играте против Надал. Шпанецот ја искористи својата четврта меч топка и закажа меч со подобриот од средбата Алкараз – Камерун Нори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во сериозни проблеми пред осминафиналето на Вимблдон!?

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ повторно се соочува со здравствени проблеми токму во…