Дома Останати Тенис Донесена пресуда за Кирјос: Колку време ќе паузира Австралиецот поради позитивен тест на кокаин?

Донесена пресуда за Кирјос: Колку време ќе паузира Австралиецот поради позитивен тест на кокаин?

Австралискиот тенисер Ник Кирјос ја прифати едномесечната суспензија што му ја изрече Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA), откако бил позитивен на метаболит од кокаин за време на тестирање надвор од натпреварувањето.

Да потсетиме, поранешниот финалист на Вимблдон беше привремено суспендиран уште во август, кога стигнаа првите резултати од тестирањето на примерокот земен на почетокот на летото во Шпанија. Кирјос веднаш ја презеде целата одговорност за инцидентот, опишувајќи го својот потег како „голема грешка“.

По деталната истрага, ITIA утврди дека кокаинот бил консумиран надвор од натпреварувањето и за приватни цели, и дека супстанцата не била користена за подобрување на спортските перформанси. Поради тоа му беше овозможено олеснување на казната во траење од еден месец, што Австралиецот целосно ја прифати и веќе ја одслужи преку периодот на привремена суспензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

АТП најави 350 милиони долари за тенисерите до 2028 година

АТП претстави план според кој во 2028 година ќе бидат распределени 350 милиони долари прек…