Дома Останати Тенис Каков шок: Алкараз се повлекува од Мастерсот во Мадрид!

Каков шок: Алкараз се повлекува од Мастерсот во Мадрид!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз одлучи да се повлече од Мастерсот во Мадрид, дознаваат шпанските медиуми.

Угледните радио станици “КОПЕ” и “СЕР” објавија дека Шпанецот поради повреда на бутниот мускул е принуден да го прескокне турнирот во престолнината на Шпанија и дека својата одлука за повлекување ќе ја соопшти денеска околу 12.30 часот.

Алкараз на турнирот во Барселона имаше проблеми со повреда на бутот и пред самиот старт на Мастерсот во Мадрид откри дека не е целосно подготвен.

Ова би можела да биде одлична вест за Новак Ѓоковиќ кој се наоѓа во истата половина на ждребот со младиот Шпанец, а нивната средба би била можна во полуфиналето.

Фото: Carlos Alcaraz/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ објави голема вест, се враќа на омилено место

Најдобриот македонски тенисер Новак Ѓоковиќ соопшти дека ќе учествува на АТП турнирот од с…