Дома Фудбал Останато Дојде во Реал да си го исполни сонот, но место тоа помина низ кошмар

Дојде во Реал да си го исполни сонот, но место тоа помина низ кошмар

0

Брахим Диаз во јануари оваа година пристигна од Манчестер Сити во Реал Мадрид.

Младиот 20 годишен Шпанец во трансфер вреден 17 милиони евра ги напушти „граѓаните“ за да добие поголема минутажа, но се покажа дека не направил баш најдобар потег.

Поранешниот тренер Сантијаго Солари за време на својот престој на клупата на „кралевите“ му даде само 24 минути на теренот. Кога Зидан дојде доби шанса на четири од пет натпревари на Реал во Ла Лига, но тогаш следуваше нова лоша вест за Диаз.

Диаз го повреди мускулот поради што беше 20 дена надвор од теренот и поради тоа го пропушти и Европското првенство за играчи до 21 година.

Потоа Диаз се опорави од повредата и отпатува со Реал на припремите, но следуваше нова повреда поради која ги припушти седумте припремни натпревари.

Сега се врати на тренинзите, меѓутоа го пропушти првиот натпревар на Реал во наредната сезона и дојде до бројката од вкупни 94 дена од кога последен пат настапил.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Марка“ удри по Зидан и Раул: Клубот мора да реагира

Бразилецот Родриго Гоес стигна во Реал Мадрид летово за 45 милиони евра од Сантош како фуд…