Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ на чекор од трипл-дабл, Лејкерси не можат да фатат ритам без најдобрите 🎥

Дончиќ на чекор од трипл-дабл, Лејкерси не можат да фатат ритам без најдобрите 🎥

Tимот на Лејкерси никако не успева да фати ритам без најдобрите.

Изминатата вечер тие го запишаа 20. пораз, против нив сега славеше Мајами со 110:104. Со овој пораз тие паднаа на петтата позиција на Западната конференција.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Мајами доминираше скоро во текот на целиот натпреварот. Лејкерси се вратија на почетокот на третата четвртина меѓутоа немаа сили за пресврт. Батлер со 28 поени, 5 асистенци и 7 скока беше најрасположен кај победниците, додека на другата Кадвел броеше до 28 поени.

Далас дојде до 29. победа, подобри од Милвоки беа со 115:101. Одново прво име кај Маверикс беше Лука Дончиќ. Дончиќ беше на чекор од нов трипл-дабл, но сепак на крајот го заврши натпреварот со 29 поени, 9 скока и 9 асистенции. Словенецот го следеше Порзингис со 26 поени и 17 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Торонто – Чикаго 113:122, Јута – Портланд 122:103, Сакраменто – Детроит 101:113, Клиперси – Феникс 113:103, Оклахома – Кливленд 102:129.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…