После долги години Тимур Дибиров неодамна го напушти Вардар и кариерата ја продолжи во Хрватска во дресот на ППД Загреб.
Во Загреб Дибиров ќе игра со неговиот поранешен соиграч од Вардар, Иван Чупиќ. Во разговор за хрватските медиуми Дибиров откри дека токму Чупиќ бил еден од клучните луѓе што тој се преселил во овој тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Разговарав со Чупиќ и убави ми објасни, тогаш сфатив дека сакам да бидам дел од овој проект. Не е доволно да бидете само силни на хартија, ако е така Барселона, ПСЖ и Кил секоја година би победувале. Се надевам дека ќе ја вратиме публиакта на трибините како што се навива за репрезентацијата“, изјави Дибиров пред почетокот на новата авантура во неговата кариера.