Паоло Дибала ја заврши својата авантура во Јувентус, а неговиот нов клуб се уште не е познат.




После седум години Дибала одлучи да го напушти Јувентус. Ова лето како слободен играч ќе го избере новиот клуб. Во медиумите најмногу се поврзуваше со Интер, потоа и со Рома. Не се знае каде, но изгледа се знае каде Дибала нема да продолжи.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Никогаш нема да потпишам за Интер“, наводно порачал Дибала додека се простувал од навивачите на Јувентус во ремито против Лацио (2:2).




Сигурно дека навивачите на Јувентус најмалку што посакуваат е Дибала да премине во нивниот голем ривал, додека со Рома ситуацијата е поинаква. Ривалството помеѓу „старата дама“ и „волчицата“ не е како она со Интер.




Дибала во Јувентус пристигна во 2015 година, тогаш на Палермо Јувентус плати 40 милиони евра.