Дома Фудбал Италија Дибала игра очајно, но за Јувентус тоа не е проблем

Дибала игра очајно, но за Јувентус тоа не е проблем

Паоло Дибала е во очајна форма на почетокот од оваа сезона.

Бројни критики на сметка на аргентинскиот фудбалер, но по се изгледа тоа не влијае на неговиот статус во тимот и наскоро ќе му биде понуден нов договор.

La Stampa тврди дека раководството на Бјанконерите закажале состанок со Дибала и неговиот агент. Ќе се разговара за новиот договор и Јувентус е заинтересиран за продолжување на соработката со него.

Старата дама е спремна да му понуди на Дибала договор со иста плата (7.3 милиони евра по сезона). Меѓутоа, фудбалерот сака повеќе пари и за сега тоа е она кое ги раздвојува двете страни.

Дибала е член на Јувентус од 2015. година. Пристигна од Палермо, а за клубот одигра 236 натпревари и има скор од 96 погодоци и 38 асистенции.

Актуелниот договор на Дибала истекува летото 2022. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кабиб го откри условот за да се врати во октагон

Претседателот на УФЦ, Дајна Вајт соопшти вести од состанокот со Кабиб Нурмагомедов. Вајт р…