Дома Фудбал Италија Дибала играч на сезоната во Серија А, Кулушевски најдобар млад фудбалер

Дибала играч на сезоната во Серија А, Кулушевски најдобар млад фудбалер

Изминатиот викенд заврши сезоната во Серија А, а за најдобар играч беше прогласен Пауло Дибала од Јувентус.

Дибала сезоната ја заврши со 14 гола и 12 асистенции, одигра 38 меча, па заслужено ја доби наградата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


За најдобар голман беше прогласен Војчех Шчешни од Јувентус, а наградата за најдобар дефанзивец замина кај Де Врај од Интер.

Со своите 16 асистенции ѕвездата на Аталанта, Алехандо Гомес ја заслужи наградата за најдобар играч за врска, додека за најдобар напаѓач очекувано беше избран најдобриот стрелец Чиро Имобиле.

За најдобар млад фудбалер беше прогласен 20-годишниот Дејан Кулушевски од Парма, кој од следата сезона ќе игра во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Страшна повреда на Мусиала, два црвени картони и победа на Баерн за полуфинале! (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ обезбедија место во полуфиналето на Светското клупско првенство, откако…