Дома Македонски спорт „Дарко е одличен фудбалер и карактер, него му е најтешко“

„Дарко е одличен фудбалер и карактер, него му е најтешко“

Од Тбилиси Јовица Симоноски

Македонската репрезентација денес беше поразена од Грузија со 2:0, иако прикажавме добра игра сепак на крајот бодовите останаа во Тбилиси.

Првиот гол беше автогол на Бојан Миовски по упатената топка во петерецот од Кварташкелија, а вториот дојде по грешка на Дарко Велковски. Селекторот Благоја Милевски не сакаше никого посебно да критикува на прес-конференцијата по натпреварот.

„Секој треба индивидуално да работи пред собирот на репрезентацијата. Кога поставувате начин како ќе го одиграте еден натпревар, сакате да го реализираре тоа.

Ние успеавме во се, секоја шанса за гол е производ на одиграно фудбалски и од таа гледна точка не можам да замерам, но мора да бидеме посконцентрирани во самата завршница и многу поконкрентни.

Дарко Велковски е одличен фудбалер, одличен карактер, добар дечко и него му е најтешко. Ние сме тука да бидеме сите заедно кога е најтешко и не оди како што треба, така да има максимална подршка од мене и целиот тим“, изјави Милевски.

Следниот натпревар Македонија го игра дома против Бугарија во понеделник од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Претседателот на Интер лут на тренерот Инзаги

Притисокот врз тренерот на Интер, Симоне Инзаги се повеќе се зголемува после серијата на л…