Дома Фудбал Останато Македонија доби светски шампион: Марко Џорлев се закити со злато во Полска

Македонија доби светски шампион: Марко Џорлев се закити со злато во Полска

Голем успех за македонското карате донесе Марко Џорлев, кој се искачи на светскиот врв на првенството за кадети, јуниори и У-21 во Бјелско Бјала, Полска.

Натпреварувачот од Штип, како дел од македонската репрезентација, во финалната борба беше подобар од Адам Ваги од Унгарија и славеше со 4:1 за златен медал.

По големиот резултат, неговите тренери Сашко и Жарко Арсовски од Карате клубот „Штип“ преку социјалните мрежи објавија дека Џорлев е нов светски шампион.

„Македонија има светски шампион, Штип има светски шампион, Карате клуб Штип има светски шампион. Радувај се Македонијо. Фала му на Господ за сѐ“, порачаа Сашко и Жарко Арсовски.

На успехот реагираше и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, кој посочи дека освоеното светско злато е гордост и за градот и за државата.

„Македонија слави, Штип се гордее! Нашиот Марко Џорлев е светски шампион. Освоеното светско злато е гордост за Штип, Македонија и Карате клубот ‘Штип’. Благодарност и до тренерите Сашко и Жарко Арсовски за нивната посветена работа и создавањето шампиони. Браво, Марко! Ти си пример дека со труд, дисциплина и посветеност се стигнува до светскиот врв“, истакна Јорданов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Огњен Илиќ ја отвори Трката низ Србија со победа и жолта маичка

Српскиот репрезентативец беше најбрз на индивидуалниот хронометар во Пожаревац и стана прв…