Ќе поставува ли Реал Мадрид според клупските правила и кога е Серхио Рамос во прашање?
После заминувањето на Кристиано Роналдо во Јувентус, Рамос е еден од симболите на Реал, продолжена рака на тренерот, го сакаат навивачите, го ценат соиграчите…На шпанскиот репрезентативец актуелниот договор му истекува во јуни 2021 што значи дека полека се припрема теренот за евентуална обнова бидејќи на никој не му е во интерес играч од таков калибар да го напушти клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според инофмрациите на „Марка“, Серхио Рамос инсистира на двегодишна соработка и тоа значи дека неговата намера е по истекот на актуелниот да остане во Реал до летото 2023 година. Телото го служи, оваа сезона ги одигра сите првенствени натпревари за екипата на Зидан со исклучок на гостувањето кај Гетафе (картони) и натпреварот со Севиља дома (повреда).
Меѓутоа проблем е во годините. Претседателот на Реал, Флорентино Перез се држи до клупско правило според кое на играчите кои имаат 32 години договорот им се обновува година за година. Рамос во март ќе го прослави 34. роденден. Токму ова правило беше причината поради која Португалецот Пепе во 2017 година не се договори со Реал и се пресели во Бешикташ.