Дома Фудбал Голман од деветтата англиска лига одби да стане крал, титулата ја препушти на друг

Голман од деветтата англиска лига одби да стане крал, титулата ја препушти на друг

Џорџ Дезмонд Камураси е обичен голман и капитен на англискиот аматерски клуб SE Dons, но неодамна доби неверојатна животна можност.


Овој 36-годишник, кој соиграчите го нарекуваат Биг Џи, всушност е дел од угандската кралска фамилија Тооро.

На крајот на август ненадејно почина неговиот помлад роднина и дотогашен владетел, по што Комисијата за наследување започна процес за избор на нов монарх.

Како прв и главен кандидат за преземање на тронот во Уганда, членовите на оваа комисија го предложија токму искусниот англиски голман.

Иако кралот нема класична политичка моќ, неговата улога е многу важна за културниот и општествениот живот во државата.

Камураси се најде во голема дилема и побара дополнително време за да се консултира со сопругата и деловните партнери од Лондон.

Кралскиот комитет не сакаше да чека предолго на неговата конечна одлука, па англискиот аматер на крај одлучи да се повлече од тронот.

“Поради лични обврски не можам да ја преземам таа одговорност”, изјави Камураси, препуштајќи ја круната на Едвард Рукиди Кјанангоми.

Неуспешниот крал на Уганда сега се враќа на својата редовна лондонска рутина и голманските стативи во деветтата лига на англискиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пуштени се во продажба билетите за натпреварот со Словенија во Љубљана

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека во продажба се пуштени билетите за…