Дома Фудбал Гласна порака од легендата: Укинете го ВАР во Премиер лигата!

Гласна порака од легендата: Укинете го ВАР во Премиер лигата!

Питер Шмајхел, легендарниот голман на Манчестер Јунајтед, беше крајно разочаран од вчерашните случувања на градското дерби.

Манчестер Сити го победи Манчестер Јунајтед со 0:1 со гол на Ерлинг Халанд, а по натпреварот Премиер лигата се извинуваше на Манчестер Јунајтед јасно нагласувајќи дека голот не се смеел да биде признат.

И сега, како што се очекуваше, технологијата ВАР е на удар. Еден од најгласните заговорници за укинување на ВАР е токму Шмајхел.

„Да го укинеме ВАР. Тој го прави ВАР и судиите најважни луѓе во фудбалот и му одзема енергија. Кога ќе постигнете гол, не ви е дозволено да славите. И потоа, по пет минути, играчите и навивачите слават, но тоа не е исто. Топката влегува во мрежата, тоа е гол или линискиот судија го подигна знаменцето и не е гол. И ајде да продолжиме од тука. ВАР е толку иритирачки!”, рече тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пјер-Емерик Обамејанг – Ова не им успеа ниту на Меси, ниту на Роналдо!

Легендарниот фудбалер од Габон, Пјер-Емерик Обамејанг, пишува нови страници од историјата …