Дома Останати Тенис Лина Ѓорческа со голем пад на ВТА листата

Лина Ѓорческа со голем пад на ВТА листата

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа забележа значителен пад на најновата ВТА-ранг-листа и оваа недела се наоѓа на 327. позиција во светот. Тоа е пад од дури 70 места во однос на претходното рангирање, кога Ѓорческа беше 257. на ВТА-листата.

Македонката во моментов има 209 ВТА-поени, а во тековното рангирање се земени предвид нејзините настапи на 21 турнир.

Големиот пад доаѓа во период во кој Ѓорческа се обидува да се врати кон позициите на кои се наоѓаше во претходниот период. Оваа сезона таа испиша историја со настапот на Вимблдон, каде што за првпат во кариерата играше во главната ждрепка на еден грендслем-турнир.

Сепак, резултатите на последните турнири негативно се одразија врз нејзиниот пласман. Ѓорческа беше елиминирана уште во квалификациите за УС Опен, а не успеа да направи позначаен резултат ниту на турнирот во Анталија.

Нова можност за подобар резултат ќе има оваа недела во Љубљана, каде што ја очекува настап на силниот турнир. Ѓорческа во првото коло ќе се соочи со Романката Булгару, а евентуалната победа би била важна не само за самодовербата, туку и за нејзиното враќање кон повисоките позиции на ВТА-листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ излезе од топ 10 на АТП листата и го потврди крајот на една спектакуларна ера

Последен пат кога немаше ниту Федерер, ниту Надал, ниту Ѓоковиќ во Топ 10 беше во октомври…