Дома Фудбал Кутињо е трансферот на денот во Јужна Америка!

Кутињо е трансферот на денот во Јужна Америка!

Филипе Кутињо од денес е и официјално нов играч на Сантос.

Бразилскиот клуб со воодушевување на своите навивачи го потврди овој трансфер преку официјално соопштение.

“Сантос го финализираше трансферот на Филипе Кутињо до крајот на сезоната. Со своите препознатливи технички способности и визија за играта, како и успешната кариера во Европа и националниот тим на Бразил, овој играч од средниот ред се приклучува на Сантос со договор кој трае до крајот на 2026 година. Добредојде во Кралството на фудбалот, Кутињо. Покажи го твоето знаење”, напиша Сантос. 

Кутињо исто така ја изрази својата благодарност за довербата, откако во февруари го прекина договорот со Васко Да Гама и минуваше низ тежок период.

“Кога го напуштив Васко, не ми беше лесно. Тоа беше многу чувствителен момент – една од најтешките одлуки во мојата кариера и живот. Мораше да го ставам здравјето на прво место и тоа го направив. Тоа време без фудбал го искористив за многу размислување, повторно поврзување со едноставните животни вредности. Тоа ме зајакна, така што сега се чувствувам силно и подготвено за враќање на фудбалските терени”, сподели Кутињо. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓорѓи Мојсов дојде во Земун, тимот прекина низа од седум порази!

Македонскиот тренер Ѓорѓи Мојсов имаше позитивно деби на клупата на српскиот прволигаш Зем…