Дома Луд Спорт Гранит Џака под истрага, може да е замешана албанската мафија

Гранит Џака под истрага, може да е замешана албанската мафија

Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака е во сериозни проблеми откако против него e покрената истрага поради сомневање дека намерно добил жолт картон.

Фудбалерoт со албанско потекло е под истрага на Националната агенција за криминал на Велика Британија поради сомнение дека е вмешан во обложувачка измама.

Швајцарскиот репрезентативец заработи жолт картон во 86-та минута на натпреварот против Лидс. Притоа, жолтиот картон го изнуди така што одложуваше да изведе слободен удар.

Во исто време биле направени големи уплати во обложувалниците за сценариото во кое доби жолт картон во последните 10 минути од тој натпревар. Наводно, сега се појавија докази дека во тоа била вмешана албанската мафија.

Гранит Џака е роден во Базел, неговите родители се Албанци од Подуево, а неговиот брат Талант играше за албанската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Куче заспа на терен, судијата чекаше да се разбуди за да продолжи мечот🎥

Почетокот на второто полувреме на парагвајскиот прволигашки натпревар помеѓу Сол де Америк…