Дома Фудбал Џака не можеше да молчи по поразот: Навистина ли сакате да го кажам тоа!?

Џака не можеше да молчи по поразот: Навистина ли сакате да го кажам тоа!?

Швајцарците се бесни по испаѓањето од Аргентина на Светското првенство. Вториот жолт картон на Бреел Емболо за симулирање по проверка на ВАР предизвика многу контроверзии, а играчите на Швајцарија сметаат дека се ограбени. Гранит Џака не можеше да молчи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој во 72-та минута од натпреварот го исклучи швајцарскиот напаѓач Бреел Емболо. Му даде втор жолт картон откако со преглед на ВАР снимката утврди дека симулирал прекршок.

За Швајцарците ваквата одлука е грабеж. Не можат да поверуваат дека Португалецот ја донесе одлуката за вториот жолт картон и сметаат дека овој момент го прекина натпреварот.

Иако според новите правила, одлуката е сосема исправна, Гранит Џака не можеше да го поднесе испаѓањето на својата селекција. Го изнесе своето мислење кое ќе предизвика многу приказни во светот на фудбалот.

„Навистина сакате да ви кажам што се случи по тоа во Египет и Зелените Острови?”, прашува Гранит Џака и додава:

„Со години сум во фудбалот и никогаш во животот не сум видел ВАР да интервенира поради симулирање само за да му дадат на играчот втор жолт картон. Истата таа ВАР не интервенираше низ натпреварот кога аргентинските фудбалери не газеа”, зборува Џака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Замина во тишина: Светот му предвиде величенствена кариера, а Светското првенство му беше последниот танц

Постојат фудбалери за кои сите веруваат дека ќе станат светски ѕвезди. Веќе како тинејџери…