Напаѓачот на македонската репрезентација, Бојан Миовски во новата сезона ќе го гледаме во редовите на Жирона, тврди „Мундо Депортиво“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанскиот медиум како што ексклузивно објавува, Миовски ги договорил личните услови и сега се чека само официјализација на зделката.
Детали околу договорот не се објавуваат, меѓутоа се наведува дека е се договорено. Потврдата за трансферот би можела да се случи до крајот на неделата.
Македонскиот напаѓач имал понуди од Еспањол и Џенова, но на крајот се одлучил за каталонскиот тим.