Дома Фудбал Германија Горецка: Срам ми е да кажам дека сме жртви со оглед на колку заработуваме

Горецка: Срам ми е да кажам дека сме жртви со оглед на колку заработуваме

Германскиот фудбалер Леон Горецка во септември минатата година го продолжи договорот со Баерн.

Долго се поврзуваше Горецка со други големи тимови, но на крајот остана во Минхен. Тој сега отворено зборуваше за богатите договори кои ги имаат неговите соиграчи. Некои ги одбиваа договорите сакајќи да извлечат повеќе пари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Искрено да кажам, тешко ми е да зборувам дека сме жртви со оглед на тоа колку заработуваме. На крајот секој си знае за себе, но комплетниот пакет кој го добиваме во Баерн е атрактивен за секој фудбалер на светот“.

Ваквите изјави на Горецка може да се сфатат како апел кон неговите колеги кои се во преговори со клубот и се фокусираат на финансискиот аспект. Давид Алаба и Никлас Суле токму поради тоа одлучија да заминат.

„Постојат поважни работи од парите. Истите замисли со клубот за мене имаат голема вредност, не е се во парите“, изјави Горецка кој сепак во Баерн заработува вистинско богатство од 15 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…