Дома Трансфер зона Големиот план на Перез – три засилувања за супер силен Реал!

Големиот план на Перез – три засилувања за супер силен Реал!

Шпанските медиуми пишуваат дека Флорентино Перез веќе мисли на иднината и сака да реализира три трансфери со кои гигантот ќе го направи уште посилен во следните години.

Перез планира да купи двајца фудбалери од Манчестер сити, а тоа се Жоао Кансело кој треба да стигне следното лето и Ерлинг Халанд, кој треба да биде ангажиран во јуни 2024 година.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Кралевите“ долго време го следат Кансело, па сега Перез конечно се надева дека може да го добие неговиот потпис и планира за трансферот да плати околу 40 милиони евра.

Халанд има откупна клаузула која ќе важи од 2024 година, а истата изнесува 180 милиони евра, па така шпанскиот гигант ќе треба да потроши повеќе пари за него.

Третото засилување треба да биде Џуд Белингам, како што беше претходно најавено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…