Дома Фудбал Англија Голеада на „Олд Трафорд“: Јунајтед го елиминира Ливерпул🎥

Голеада на „Олд Трафорд“: Јунајтед го елиминира Ливерпул🎥

Манчестер Јунајтед и Ливерпул одиграа фантастичен меч со пет гола во ФА Купот, а на крајот „црвените ѓаволи“ се пласираа во следната фаза.

Ливерпул подобро го отвори мечот и поведе во 18-та минута, откако Салах погоди после одличната асистенција на Фирмињо.

Меѓутоа, домаќините брзо се братија во игра и десетина минути подоцна Гринвут погоди за 1:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел Рашфорд ја искористи големата грешка на одбраната и погоди за 2:1, но „црвените“ повторно успеаа да се вратат со голот на Салах.

Конечните 3:2 ги постави Фернандеш со прекрасен гол од слободен удар и го однесе Јунајтед во осминафиналето од ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА го почна планот против Инфантино

Европската фудбалска асоцијација започна интензивна потрага по сериозен противкандидат на …