Дома Фудбал Англија Гвардиола се огласи по коментарите на Рој Кин дека Халанд е играч за четврта лига

Гвардиола се огласи по коментарите на Рој Кин дека Халанд е играч за четврта лига

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд беше жестоко критикуван по неделното реми без голови со Арсенал од легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, кој сега работи како фудбалски аналитичар.

Ирецот за настапот на Норвежанецот во дербито во Премиер лигата изјави дека е на ниво на четвртиот по ред во Англија. Островските медиуми секако ги интересираше што мисли менаџерот на Сити, зборовите на Рој Кин.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Не би се согласил со тоа, апсолутно не“, изјави шпанскиот стратег и додаде:

„Тој е најдобриот напаѓач на светот и ни помогна да ги освоиме сите тие трофеи минатата сезона. Халанд е исклучителен фудбалер“, потенцира Гвардиола.

Халанд постигна 18 гола на 24 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, како и шест на седум натпревари во Лигата на шампионите, иако поради повреда на стапалото паузираше повеќе од месец и половина.

Сити се уште е во игра за одбрана на тројната круна од минатата сезона. На девет кола пред крајот на Премиер лигата се третопласирани на табелата со 64 бода, што е три помалку од водечкиот Ливерпул и еден помалку од второпласираниот Арсенал. Во четврт-финалето на Лигата на шампионите го чека двомеч со Реал Мадрид, а во полуфиналето на ФА Купот ќе играат против Челзи.

„Граѓаните“ вечерва од 21 часот и 15 минути ја пречекуваат Астон Вила во рамките на 31. коло од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…