Дома Фудбал Англија Гвардиола не може глава да крене: Манчестер Сити има девет повредени фудбалери!

Гвардиола не може глава да крене: Манчестер Сити има девет повредени фудбалери!

Maнчестер Сити беше елиминиран од Лига купот со поразот од Тотнем, но „граѓаните“ повеќе ги загрижува сиутацијата со повредите.

Дополнителна дамка на поразот од Тотнем во Лондон фрлија повредите на неколку важни фудбалери. Шпанскиот стратег вообичаено ги одмора клучните играчи. но вчера се соочи со проблеми уште на загревањето.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во текот на припремите за натпреварот се повреди Мануел Аканџи, па мораше да игра Рубен Дијас. Потоа во 63. минута играта мораше да ја напушти Савињо кој на носилки беше изнесен од теренот.

Тука не беше крајот на проблемите. Јошко Гвардиола влезе во игра на полувремето, но потоа се пожали на болки покрај аут линијата, а шпанскиот стратег прв му притрча на помош.

„Не знам ништо. Не разговарав со него. Сите беа на масажа и беше зафатен. Имаше преголема гужба“, одговори Гвардиола на прашањето за неговата ситуација.

Така на располање за саботниот натпревар против Бормут Пеп нема дури девет играчи: Аканџи, Савињо, Гвардиол, Грилиш, Доку, Де Брујн, Вокер, Боб и Родри за кого сезоната веќе е завршена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познати паровите за плеј-оф битките и четвртфиналето во Лигата на Нации

Во Лигата на Нации денеска беше одржана ждребката за плеј-оф битките за промоција и опстан…