Дома Фудбал Англија Гвардиола: Ако некој мисли дека сме веќе шампиони нема да игра

Гвардиола: Ако некој мисли дека сме веќе шампиони нема да игра

Maнчестер Сити е во фантастична форма, „граѓаните“ имаат 20 победи во низа, а направија и огромна разлика на табелата во Премиер лигата.

За многумина првенството во Англија е веќе решено, но Пеп Гвардиола не дозволува неговите фудбалери да се опуштат во ниту еден момент.

„Нема време за релаксирање, секогаш можеме да бидеме подобри, тоа е нашата цел. Во добра серија сме, но ништо не е завршено. Ако почувствувам дека некој играч смета дека сме веќе шампиони тој нема да игра“

„Ливерпул се уште шампион, за ние да сме потребни ни се уште осум, девет или десет натпревари, а тоа е многу. Како што се случува пад во формата кај сите екипи, може да ни се случи и нас затоа не смееме да се опуштиме“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Борусија не издржа, Сити до победа и полуфинале, на „Енфилд“ без голови“ 🎥

Во вечерашните двојки во четвртфиналето од Лигата на шампионите не видовме некое изненадув…