
Легендарниот Златан Ибрахимовиќ се осврна на конфликтот во кој учествуваше аргентинскиот играч за врска Леандро Паредес по завршувањето на натпреварот за титулата светски првак.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ибрахимовиќ не го сокри своето незадоволство од начинот на кој одредени играчи реагираа за време на инцидентот, особено поради реакцијата на шпанските фудбалери.
“Не знам што прават шпанските играчи. Тие само стојат и гледаат како противничкиот играч го удира нивниот соиграч”, порача Ибрахимовиќ.
Особено ја коментираше улогата на Паредес во целата ситуација, со неговата препознатлива доза на темперамент.
“Паредес може да смета дека имал среќа што не бев на теренот. Да бев таму, ќе го ударев со глава и ќе добиев црвен картон”, рече Ибрахимовиќ.