
Барселона покажува сериозен интерес за Ејмерик Лапорт, известува каталонското издание „Спорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Силната игра на 32-годишниот дефанзивец за време на Светското првенство го поттикна првакот на Ла Лига да разгледа кои се опциите за можен трансфер. Минатата сезона Лапорт се врати во Атлетик Билбао по престој во Ал-Наср на Кристијано Роналдо.
Во Барса бараат искусен централeн дефанзивец со силна лева нога, кој е нискобуџетен. Неговата откупна клаузула е под 15 милиони евра.
Има дури информации дека за време на престојот на спортскиот директор на „блаугранас“, Деко, во Соединетите Американски Држави за Светското првенство, тој веќе остварил првични разговори за Лапорт, договорено е тие да се обноват по завршувањето на првенството.
Деко лично следел неколку натпревари од турнирот и бил многу задоволен од нивото кое го покажал 32-годишниот централен дефанзивец. Во клубот веруваат дека тој има уште неколку сезони на највисоко ниво пред него и посебно го ценат неговото искуство, лидерските способности и умението да ја изнесе топката.
Изведбата на Лапорт на Светското првенство дополнително ја потврди оваа идеја. Неговото разбирање со Пау Кубарси беше клучот за успехот на Шпанија. Тие двајца формираа еден од најстабилните дуоцентрални дефанзивци на шампионатот, а нивната сигурност во одбраната се покажа како пресудна за освојување на титулата од националниот тим.