
Филип Ивановски, кој до неодамна ја извршуваше функцијата извршен директор на кошаркарскиот прволигаш Пелистер, доби нов ангажман во рамките на битолскиот спорт. Само неколку недели по неговото заминување од кошаркарскиот клуб, тој е промовиран за тренер на голманите во ракометниот суперлигаш Пелистер 2.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако на прв поглед ваквиот потег изгледа неочекувано, за оние кои ја познаваат неговата спортска биографија тоа не претставува изненадување. Ивановски е поранешен ракометен голман, кој во текот на кариерата ги бранеше боите на Вардар, Металург и Пелистер, пред да биде принуден предвреме да се повлече од активното играње поради сериозна повреда на раката.
Во изминатите неколку сезони тој беше дел од раководството на КК Пелистер како претставник на главниот спонзор на клубот. За време на неговиот мандат, битолскиот состав не успеа да стигне до трофеј, иако играше во финалињата на плејофот и Купот на Македонија. Воедно, клубот настапуваше и на меѓународната сцена, преку АБА2 лигата и ФИБА Еврокупот.